Зибери: Имав тешки симптоми на ковид-19, да бидеме со отворени очи, претпазливи и мерките да се почитуваат (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин/ТВ21

Актуелниот пратеник од редовите на ДУИ и поранешен директор на Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Скопје, Арбен Зибери за време на гостувањето во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21 го сподели личното искуство од ковид-19 и симптомите што ги имал пред и по детекцијата на вирусот.

– Имав тешки симтпоми и сакам да упатам апел до сите граѓани да не го занемаруваат вирусот. Да бидеме со отворени очи и претпазливи“, истакна Зибери.

Тој ја нагласи потребата за носење на заштитна маска, за одржување ана физичка дистанца и хигиена на раце, како основни мерки во борбата со коронавирусот.

Зибери додаде дека податоците укажуваат оти возрасните лица потешко го минуваат вирусот, како и оние со проблеми со дишните органи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот