Животната приказна на Андреа Бочели ќе ве натера да ги преиспитате сопствените можности

Profimedia

Италијанскиот тенор со гласот успеа да го заведе целиот свет. Потполно ослепел на 12 години, а неговата мајка рекла дека музиката му била единствена утеха.

Андреа Бочели (1958) е роден на семејната фарма во малото место Лајатико во Тоскана, во семејство кое се занимавало со продажба на машини за земјоделство и производство на вино. Лекарите ја советувале неговата мајка да абортира бидејќи предвиделе дека детето ќе се роди со многу слаб вид, но таа тоа го одбила. Веднаш по раѓањето вило константирано дека има бројни проблеми со видот, а поставена му била дијагнозата – глауком.

На 12 годишна возраст потполно ослепел играјќи фудбал. Бил голман и топката го удрила право во око, предизвикувајќи повреда на мозокот и внатрешно крварење.

Татко му, Алесандро, починал во 2000 година, а мајка му Еди и братот Алберто и денес живее во оваа семејна куќа.

Уште како момче, Андреа покажувал голем интерес за музиката, па со шест години почнал да зема часови по клавир. Подоцна совладал уште неколку инструменти – флејта, саксофон, тромбон, харфа, гитара и тапани. Покрај свирењето, времето го минувал и пеејќи, па така гласот станал најомилениот инструмент на Андреа. Веќе на таа возраст почнал да се формира како „модерен но и старомоден тенор“, како што вели самиот за себе.

На прв натрпревар се пријавил на 12 години, во 1970, победувајќи со изведба на песната „О соле мио“.

Губењето на видот не да го спречило во школувањето ниту во желбата да се занимава со музика. По завршување на средното училиште, студирал право на Универзитетот во Пиза. Истовремено земал и часови по соло пеење. За да ги плаќа часовите, почнал да настапува навечер во баровите. По завршување на студиите, една година работел како адвокат, каде ја запознал и својата прва жена со која добил два сина.

После 15 години брак, се развеле и тој по втор пат се жени, со Вероника Берти, која му е и менаџерка, со која ја има ќерката Вирџинија.

Андреа Бочеки со сопругата Викторија

Модерната бајка на Бочели почнала на денот кога е откриен од Катарина Касели, која по повод една аудиција на пејачот Цукеро, испратила снимка со гласот на Бочели. Кога Павароти чул како пее Бочели, го убедил Цукеро да го ангажира Бочели, иако Цукеро успеа со Павароти да го сними тој дует кој набрзо станал светски хит.

На европската турнеја Цукеро настапувал во дует со Бочели, а Бочели добил и простор за соло настап. Во декември, истата година, Бочели учествувал на Сан Ремо и добил највисоки оцени кои некогаш се дадени во класата на дебитанти. Славата почнала да му расте со вртоглава брзина. Набрзо дебитирал како оперски пејач во „Магбет”, а потоа следувале „Кармен”, „Боеми” и многу други опери.

Композицијата со која се прославил на Сан Ремо „Кон те партиро“ стана негов заштитен знак, а со дуетската верзија со Сара Брајтман, „Тime To Say Goodbye”, стана апсолутно светска ѕвезда. Оваа мелодија може да се чуе низ целиот свет, на многу јазици, а често ја изведуваат и талентите на разни натрпевари .

Публиката го сака, ги препознава неговите чувства кои ги внесува во пеењето и комплетниот настап. Но, и покрај тоа што е слеп, Бочели е страсен јавач на коњи и скија.

 Бочели го инспирирал еден од водечките британски режисери неговата животна приказна да ја пренсе на големото платно. Филмот „Music of Silence“ е во режија на Мајкл Радфорд, а Бочели го глуми Тоби Себастијан, познат од серијата Игра на престолите.

Го замолил режисерот да не го претставува како слеп зашто, како што рекол, најголем дел од животот се преправал дека може да гледа. Пејачот не сакал да ги доведува луѓето во непријатни ситуации и верува дека „никој не сака да го види како го бара столчето како очајник, со испружени раце“.

Бочели со семејството

Андреа Бочели живее со сопругата во спектакуларна вила во Форте деи Марми, Тоскана. Во меѓувреме, купи и нова вила, каде престојуваат за одмор, во Мајами Бич, Флорида.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот