Жителите на Донбас: Ситуацијата е застрашувачка

Луѓе кои чекаат во редици за да подигнат пари во Украина/ Фото: Ројтерс

Жителите на Донбас изјавија дека ситуацијата во тој украински регион е „застрашувачка“ по руската воена инвазија на Украина.

Аркадиј, жител на Краматорск, рече дека се надева оти ситуацијата наскоро ќе се подобри.

Иако слушал повремени експлозии, тој рекол дека оди на работа.

Пред банкоматот се луѓе кои чекаат во редици за да подигнат пари, додека звуците на борбените авиони одекнуваат на небото.

Во меѓувреме, украинските власти ги повикаа граѓаните да останат дома и да не паничат.

Министерството за внатрешни работи на Украина соопшти дека „руската инвазија“ започнала со ракетни напади врз главниот град Киев.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рано утринава прогласи вонредна состојба во земјата.

Рускиот претседател Владимир Путин објави дека наредил специјална воена операција во регионот на Донбас по неколкунеделното акумулирање на војници на украинските граници.

ВО ЖИВО | Украина под напад од Русија

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот