Жители на Ново Маало: Општина Центар да се повлече од идејата за суспензија на ДУП-от

Фото: Архива на „Слободен печат“

Жителите на Ново Маало бараат Општина Центар да се повлече од идејата за суспензија на ДУП-от или каква било друга активност со која би ја спречила изградбата на проектот „Гранд“.

– Откако вчера Министерството за транспорт и врски, по елаборатот за евентуална суспензија на нашиот ДУП, изјави дека не е утврдена никаква штета по јавниот интерес, бараме од Општина Центар како надлежна за носење на конечна одлука да го почитува нашето право на сопственост, да се повлече од идејата за суспензија на ДУП-от или каква било друга активност со која би ја спречила изградбата на проектот Гранд, велат жители на Ново Маало.

Тие ги повикуваат институциите да не ја префрлаат одговорноста и ова прашање да се затвори.

– Дали општината ги „утнала” елаборатите или не, за нас тоа апсолутно нема значење, основа за суспензија нема. Затоа, ние бараме од институциите повеќе да не си ја префрлуваат топката и ова прашање да се затвори, а ние да го добиеме она што ни следува и според Уставот и според законите.

Половина век се бориме да ги оствариме нашите права и сега конечно имаме инвеститор со кој ќе добиеме живеалишта достојни за 21 век. Сите оние кои ги спорат условите во кои се живее во Ново Маало, слободно можат да дојдат и да видат дали во 21 век се живее со септички јами, прокиснати кровови и кал до колена, нагласуваат жителите.

Тие уште еднаш ги потсетуваат и институциите и јавноста, која, како што велат, бара паркови на нивните парцели, дека правото на сопственост е уставно загарантирано право.

– Никој освен нас не може да одлучува за тоа што ние ќе правиме со нашите имоти. Ова се приватни парцели, приватен имот. И според ДУП и според ГУП на оваа локација се превидени станбени згради и деловен простор, тоа и ќе се гради, велат од Ново Маало.

Тие нагласуваат дека со проектот зеленило ќе има и тоа многу повеќе од она што го има сега, односно над од 6000 метри квадратни само на парцела 1.1.

– Сега има само распукан асфалт и ништо друго, а оваа локација која е во срцето на градот, за жал е едно големо ругло и срам за една метропола, потенцираат жители на Ново Маало.

Кој промаши, а кој погоди во Центар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот