Жичарницата на Водно одамна не смеела да превезува патници, вели Стојановски од синдикатот на ЈСП
Жичарницата од Средно Водно до врвот на скопскиот рид и Милениумскиот крст, повеќе од 10 дена не е во функција поради сервисен зафат, а додека траат поправките, Миќо Стојановски од синдикатот на ЈСП изјави за „Вечер“ дека жичницата во изминатиот период работела „без работна дозвола“
Препорачано
Тој вели дека жичницата „одамна не требало да превезува патници“ бидејќи „немала работна дозвола“. Стојановски не знае зошто продолжила да функционира.
„Веќе беше критично и затоа мораше да се сервисира“, вели Стојановски и додава дека поправката ќе потрае бидејќи се работи за голема инвестиција, а едно тркало тежи 190 килограми.
Жичницата кон врвот на Водно и Милениумскиот крст работи повеќе од 14 години. Нејзината изградба чинеше 6,7 милиони евра. На крајот од минатата година, Владата најави дека има во план да ја догради втората планирана фаза од жичницата, од Капиштец до Средно Водно.
Тогаш директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски рече дека се прават анализи и пресек на проектот, потсетува „Вечер“.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
3час
-
4час
-
4час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


