ВИДЕО: ЖФК Љуботен со убедлива победа ги стартуваше квалификациите за Лигата на шампионите

Фудбалерките на ЖФК Љуботен одлично го започнаа настапот на квалификацискиот турнир за Лигата на шампионите, совладувајќи го Рунавик од Фарските Острови со убедливи 4-1 на терените на Фудбалската федерација на Македонија во Лисиче.

Иако тимот од Фарските Острови го отвори натпреварот со рана предност по само 12 минути, тоа само дополнително ги мотивираше шампионките на Македонија, кои жестоко возвратија и до крајот на првото полувреме направија целосен пресврт со три погодоци. Прецизни беа Марковска, Мустафа и Максути.

Во вториот дел, Љуботен ја запечати победата со уште еден гол, дело на Охадиве, за сигурна победа и најавен атак на следната рунда.

Во финалето на мини-турнирот, Љуботен ќе се соочи со ерменски Пјуник, кој денес минимално ја совлада екипата на Софија со 1-0. Победникот од овој дуел ќе обезбеди пласман во наредната фаза од квалификациите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот