Фото: FSS

Жестоки критики за Пикси: Заработуваше како 70 хирурзи, а не сакаше да го критикуваат

По поразот на Србија од Албанија, познатиот фудбалски аналитичар Раде Богдановиќ испрати жестоки критики на сметка на сега веќе поранешниот селектор на „Орлите“, Драган Стојковиќ – Пикси. Според него, состојбата во репрезентацијата не е изненадување за оние кои подолго време ја следат српската репрезентативна сцена.

„До оваа ситуација дојдовме со долгогодишно неработење и одење во погрешна насока. Ова не е изненадување за луѓето кои ја следат репрезентацијата. Играта ни е лоша веќе долго време, уште од Светското првенство па сè до денес. Зошто селекторот не воспостави систем на игра?“, се прашува Богдановиќ.

Тој исто така истакна дека Пикси не бил подготвен да прифати критики, и покрај тоа што имал поддршка.

„Неговата плата во Сојузот беше еднаква на платите на 70 хирурзи од Првата хируршка клиника во Клиничкиот центар, а тоа е синоним за квалитет. Затоа мора да биде отворен за критика. Преку репрезентацијата поминаа огромен број фудбалери, толку многу што некои веќе ги имам заборавено.“, порача Богдановиќ.

Според последните најави од Србија фаворит за наследник на Пикси е актуелниот тренер на Црвена Звезда, Владан Милојевиќ.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот