Женската НБА лига ги избра ќерката на Коби и нејзините загинати другарки за почесни пикови на драфтот(ВИДЕО)

Драфтот во ВНБА лигата се одржа изминатата ноќ и на него им беше одданена почит на Џиана Брајант, Пејтон Честер и Алиса Алтобели, кои заедно со Коби Брајант во јануари трагично ги загубија своите животи во хеликоптерска несреќа.

Ќерката на Коби и нејзините две другарки кои исто така беа кошаркарки на Мамба Академијата се избрани за почесни пикови, објави комесарката на женската НБА лига, Кети Енгелберт.

twitter/WNBA

Енгелберт поради пандемијата на коронавирусот од својот дом го извршуваше драфтот, кој пак го започна со зборовите:

ВНБА лигата ги бира Алиса Алтобели бекот од Њупорт бич, Џиана Брајант бек од Њујорк бич и Пејстон Честер, крило од Сан Хуан Капистран. Тие ја претставуваа идната генерација на ѕвезди во нашата лига која можеше да се нарекува „мамбасита“ генерација.

Додека Енгелберт зборуваше беа прикажани дресови на трите трагично загинати кошаркарки, сите три имаа по 13 години и беа таленти за кои се прогнозираше дека со сигурност ќе играат во ВНБА лигата.

View this post on Instagram

Youngest draft pick ❤️?

A post shared by Vanessa Bryant ? (@vanessabryant) on

За Џиана остварување на сонот претставуваше да биде избрана на ВНБА драфтот. Сакаше да стане една од најдобрите кошаркарки на сите времиња, како што беше нејзиниот татко – рече Ванеса Брајант, сопругата на Коби и мајка на Џиана.

ВНБА лигата за време на драфтот објави дека воведува награда која ќе го носи името на Коби и Џиана, а ќе се доделува на поединци или групи кои ќе дадат голем допринос за напредокот, популаризацијата и перцепцијата на женската кошарка.

Како прв избор на драфтот е избрана Сабрина Јонеску, која настапуваше за универзитетот Орегон. Таа беше избрана од екипата на Њујорк Либерти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот