Жени суперхероини: Елена Велевска, кога ќе помине коронакризата ќе излезе од четирите ѕида во ТОП издание!

Кој рече дека ќе се здебелиме за време на коронакризата? Овие жени кога ќе излезат од четирите ѕида ќе бидат уште позгодни.

Темата за суперзгодните жени хероини ја почнуваме со пејачката Елена Велевска.
– Пред да се случи сè ова се опуштив малку, но во периодов во кој сите се наоѓаме, помеѓу другото, максимално се посветив на вежвањето и исхраната.
Утрото го започнувам со вежбање, имам „онлајн“ тренер, има денови кога имам и два тренинга во неделата. Не значи дека ако сум дома и дека треба да се опуштам, да не внимавам на својот изглед, баш напротив!
Згодницата Елена Велевска вели дека сега внимава на својот изглед како никогаш до сега.
– Исхраната е најважна и таа всушност помага многу. Конзумирањето вода е задолжително, што повеќе тоа подобро, – додава Елена. 
Еве ви доказ. Вау.

Фотографија – Томе Табанов

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот