Не безбедно орманче за струја во Жена парк - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Жена парк - Фото Слободен печат - Методи Здравев

Жена-парк повеќе не е во темница, Град Скопје тврди дека дефектот е отстранет

Неколку дена паркот „Жена борец“ во вечерните часови беше во темница, за што реагираа граѓани, кои сметаат дека не може да се дозволи да нема осветлување во единствениот парк во централното подрачје.

Како што вели еден од нив, кој се обрати до „Слободен печат“, за оваа состојба се обиделе да добијат информација од надлежните, но не добиле.

Која е причината што во паркот Жена Борец, единствениот парк во најстрогиот центар на градот скоро 10 дена навечер нема осветлување? Одговор не даваат ни во Општина Центар, ни во Град Скопје, ни во ЕВН – вели Младен од Скопје.

ВИДЕО | Конечно се чистат фонтаните и спомениците во паркот „Жена-Борец“

Од Град Скопје тврдат дека имало дефект, но дека е отстранет.

Станува збор за моментален дефект, кој е веќе отстранет. Градските инженерски екипи се постојано на терен, ја надгледуваат состојбата и по потреба навремено реагираат – тврдат од Градот.

Претходно одговор побаравме и во ЕВН од каде не упатија до локалните власти со објаснување дека осветлувањето во овој парк не е во нивна надлежност.

Да имало дефект за кој ние сме надлежни, досега ќе беше отстранет – велат од ЕВН.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот