Жена од Кичево нападната од глутница од 15 кучиња

Кучиња скитници
Кучиња скитници / Фото: МИА

Проблемот кој со децении е присутен во Кичево и за кого барем засега не се гледа трајно решение продолжува и понатаму. Кучињата скитници во сите делови на градот безброј пати нападнаа недолжни граѓани кои често се здобиваа и со потешки повреди.

Бројот на напади од кучиња е исклучително голем, а за тоа потврдува и фактот што само во минатата година пријавени се 237 напади на кучиња скитници врз граѓани.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски изјави дека вчера на главната улица во Кичево од глутница од околу 15 кучиња вчера била нападната 32 годишната Г.Р.,на која и биле нанесени потешки повреди од овие предатори.

Исто така во текот на вчерашниот ден на улица „ 4-ти Јули” кучињата скитници го нападнале и 36-годишниот С.Н. Проценките велат дека во Кичево има над 700 кучиња скитници и околу 500 во селските населби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот