Жена од Хјустон ги има најголемите стапала на светот: Откри какви бизарни барања добива од мажите

Фото: Pexels / Cats Coming

Жената која го држи рекордот за најголеми стапала на светот ги откри уникатните предизвици со кои се соочува во секојдневниот живот.

Тања Херберт (39) од Хјустон е горда сопственичка на Гинисовиот рекорд кој е запишан во 2022 година, поради нејзините стапала кои се долги речиси 33 сантиметри, пишува „Сан“.

Тања отсекогаш била значително повисока од своите врсници, а нејзините стапала достигнале рекордна големина во текот на средното училиште.

„Имам високи родители, па немав избор“, рекла таа со насмевка.

Таа додава дека никогаш не ѝ недостигала самодоверба и дека немала проблем на училиште поради висината.

„Никој не ме малтретираше, а пријателите се грижеа за мене“, објаснила таа.

Но, поради уникатните стапала се соочува и со уникатни предизвици. Тања има голем проблем да купи соодветни чевли, а со години носела машки чевли.

„Најмногу носев патики и машки мокасини“, открила таа.

Откако се поврзала со други жени кои имаат слични проблеми, почнала сама да прави чевли.

„Ќе ги купев најголемите чевли, а потоа ги правев подолги и пошироки“, рекла Тања.

Нејзиното присуство на социјалните мрежи, од друга страна, ги привлекува мажите кои имаат разни фетиши на стапала, па добива голем број бизарни пораки.

„Многумина пишуваа морничави работи, а некои бараа да им продадам слики од стапала“, посочува Тања.

Таа вели дека не користи социјални мрежи за да ја стекне наклонетоста на машкиот пол.

„Да речеме дека 5 отсто од мажите кои ме следат испраќаат чудни и интересни барања, меѓу кои и дали ќе им продадам слики од моите стапала. Но, тоа не ме интересира и не ме мачи“, заклучила таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот