Сите лоши шефови имаат барем една од овие 10 карактеристики

Авторката Брижит Хајасинт на својот профил на LinkedIn објави список со 10 особини, од кои, според нејзиното мислење, секој лош шеф има барем по една.

„Мојата поранешна менаџерка еднаш ми рече: „Ако потонам, ќе те повлечам со себе. Таа го рече тоа во врска со лошиот квартален резултат. Оттогаш повеќе не ѝ обрнував внимание. Тешко е да се одржи страста кон работата жива откако шефицата така ќе ти се срози очи, а понатаму може само да биде уште полошо“, напишала таа.

Нејзината објава наскоро стана вирална на социјалните мрежи, а многумина, пренесува „Индекс“, препознале некои од нивните шефови на списокот на Брижит.

Ова е нејзината листа:

1. Микроменаџмент

Најголемиот непријател на креативноста и иновативноста на работното место. Ја уништува довербата, а вработените се чувствуваат стеснето и како некој да ги гуши. Ако веќе сте ангажирале некого, оставете го да си ја одработи својата работа.

2. Подметнување на вработените

Ова е добро позната ситуација кога шефот повеќе се фокусира на слабостите на работникот отколку на неговите предности. Тие веројатно водат список со сите грешки што ги прават вработените. Слично на тоа, таквите луѓе никогаш не вработуваат попаметни од себе затоа што сакаат да ја задржат својата позиција.

3. Изборање миленик

Тие вработуваат и туркаат погрешни луѓе, оние од своите кругови. Тие секогаш ги наградуваат истите вработени. Ако некој од нивните подредени им се спротивстави, тие веднаш добиваат стигма на лош тимски играч.

4. Припишување на туѓите заслуги на самиот себе

Лошите шефови ќе направат апсолутно сè за да се претстават себеси добри и успешни, па затоа ќе ги украдат туѓите добри идеи и ќе ги претстават како да се нивни. „Пробивањето“ на самите себе е нивниот главен приоритет.

5. Давање лажни ветувања

Тие сешто ќе ветат за да го убедат работникот да прифати некоја работа или задача. Речиси никогаш не го исполнуваат своето ветување.

6. Не ве слушаат

Или не ве слушаат или сакаат само да слушнат добри вести и потврдни одговори, трето нема. Разликата во мислењета ја сфаќаат лично, па затоа внимателните вработени брзо научуваат дека ваквите мислења не треба да се искажуваат.

7. Не ги бранат своите вработени

Тие ги обвинуваат своите вработени за сè што лошо. Многу е демотивирачки да се работи за шеф кој не стои зад својот тим, а подредените во тој случај се чувствуваат многу несигурно.

8. Преголеми очекувања/претрупување со работа на работниците

Тие не го слават успехот, сметаат дека тоа е губење време. Ништо никогаш не е доволно добро за нив. Тие не се грижат за вработените и им доделуваат премногу обврски, задачи и работа.

9. Дивеат кога работите не се одвиваат како што тие сакаат

Тие имаат ниска емоционална интелигенција и вработените научуваат дека мора да се оддалечат од нив кога не се добро расположени. Тие ги навредуваат работниците и често ги расплакуваат. Тие се потпираат на стравот и заплашувањето, а вработените внимаваат на зборовите пред нив.

10. Не можат да ја сокријат сопствената неспособност

Тие ја пренесуваат својата работа на подредените кои со леснотија ги извршуваат. Својата позиција ја сфаќаат како нешто што се подразбира, а не како нешто што треба да се заслужи. Тие не знаат да дадат јасни упатства или коментар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот