Жена држела маж во ропство во Сплит

Полицијата на Сплитско-далматинската жупанија уапси 43-годишна жена под сомнение дека сторила кривично дело „ропство“, јавува Н1 телевизија.

Таа е осомничена за злоупотреба на 67-годишен човек, кого, искористувајќи ја неговата деменција, го држела во услови што укажуваат на долготрајно занемарување и исцрпеност.

Сè започнало на 3 јули, кога полицијата, врз основа на пријава за запуштање на постаро лице, дошла во станот во Сплит.

На повик на сосетка која слушнала повици за помош од станот, полицајците и пожарникарите влегле и ја пронашле жртвата во тешка состојба, по што веднаш ѝ укажале медицинска помош.

Кривичната истрага открила дека осомничената, злоупотребувајќи ја ранливоста на постариот маж, ги ограничила основните услови за живот како што се храна, вода и лекови, а во исто време му ја одзела слободата на движење и контактот со надворешниот свет. Таа, исто така, имала целосна контрола врз неговите приходи, со што остварила несоодветна материјална корист.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот