Железници-Транспорт ќе се поднови со нови локомотиви – „шопингот“ ќе чини 20,9 милиони евра
Во образложението на Предлог-законот се наведува дека локомотивите ќе бидат произведени со високо техничко ниво, а набавката ќе опфати и обука на возниот персонал, поддршка при нивното пуштање во употреба, како и асистенција во почетниот период на одржување. Дополнително, договорот треба да вклучи специјални алатки и резервни делови со цел да се воспостави соодветен режим на одржување и навремена размена на компонентите.
Со цел да го унапреди товарниот железнички превоз, Железници-Транспорт планира набавка на нови електрични локомотиви преку кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во износ од 20,9 милиони евра.
Препорачано
Предлог-законот за задолжување веќе е доставен до Собранието, а средствата се наменети за модернизација на возниот парк и подобрување на квалитетот на услугите во товарниот сообраќај.
Според анализата изработена од ЕБОР, се препорачува да се набават најмногу 5 електрични локомотиви.
Во образложението на Предлог-законот се наведува дека локомотивите ќе бидат произведени со високо техничко ниво, а набавката ќе опфати и обука на возниот персонал, поддршка при нивното пуштање во употреба, како и асистенција во почетниот период на одржување. Дополнително, договорот треба да вклучи специјални алатки и резервни делови со цел да се воспостави соодветен режим на одржување и навремена размена на компонентите.
Кредитот ќе се отплатува во период од 15 години, со грејс период од четири години. Каматната стапка е варијабилна и е составена од шестмесечен ЕУРИБОР зголемен за маргина од еден процент. Отплатата ќе се врши преку 22 полугодишни рати, кои доспеваат за плаќање на 20 јануари и 20 јули секоја година.
Покрај тоа, државата ќе плати и еднократна провизија кон ЕБОР во висина од еден процент од износот на заемот, додека за неискористените средства е предвидена провизија од 0,5 проценти.


