Жарко Ристоски го освои петтиот трофеј со Ал Рајан во две години

Фото: Ал Рајан

Жарко Ристоски кој поранешен македонски селектор во одбојка и еден од најпознатите наши тренери продолжува успешно да го води тимот на Ал Рајан од Катар.

Со Ал Рајан Ристоски го освои петтиот трофеј во само две години колку што е на клупата на овој тим. Претходно ја водеше репрезентацијата на Саудиска Арабија.

Ристоски со својот тим доминираше во големото финале и го совлада Ал Араби со максимални 3:0, а во полуфиналето со истиот резултат беше подобар од Катар спортс. Пред еден месец, Ал Рајан беше победник и во првенството на Западна Азија. Треба да се истакне дека до титулата Ал Рајан стигна со само еден пораз во сезоната.

Со овој триумф Ристоски ја одбрани титулата освоена минатата година во првенството, а победи и во Арапскиот клупски шампионат и ланското првенство на Западна Азија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот