Зголемен морталитетот на руските тајкуни?

руски олигарси фото: Принтскрин Јутјуб

Безживотното тело на рускиот тајкун Јуриј Воронов е пронајдено во неговата вила во Санкт Петербург. Ова е само уште една во низата мистериозни смртни случаи на тајкуни кои претходно одржуваа блиски врски со Кремљ, но одбиле да ја поддржат инвазијата на Украина.

Јуриј Воронов (61) беше шеф на логистичка компанија која имала договори со Гаспром на Арктикот, а неговото тело е пронајдено во раскошната вила во Санкт Петербург.

Воронов бил пронајден како лебди во базенот со прострелна рана во главата, а биле пронајдени и неколку чаури од пиштол на дното од базенот.


Воронов е седмиот богат руски бизнисмен кој починал под мистериозни околности од почетокот на годината. Многу од нив се поврзани со Гаспром, а двајца се пронајдени мртви во истото предградие на Санкт Петербург како Воронов, пишува Дејли Меил.

Рускиот истражен комитет ја истражува смртта на Воронов, која во моментов ја припишува на спор со деловните партнери. Неговата сопруга, наводно, им кажала на истражителите дека Воронов верувал дека бил измамен за „многу пари“ од „нечесни“ изведувачи и партнери.

Но, Воронов е само еден од бројните функционери поврзани со Гаспром кои, според властите, извршиле самоубиство.

Александар Тјулаков (61), висок финансиски и безбедносен функционер на Гаспром, беше пронајден обесен во својата куќа во ексклузивната зграда во февруари годинава

Инстрагата излезе со твдрење дека тој се самоубил, но локалната полиција вели дека неговото тело покажувало знаци на малтретирање, што укажува на тоа дека самоубиството било исценирано и изнудено.

Леонид Шулман  / Принтскрин Јутјуб

Три недели подоцна, во истата населба Леонид Шулман (60) бил пронајден до смрт избоден во неговата бања. Шулман беше шеф на транспортот во Гаспром Инвест, филијала на енергетскиот гигант.

Александар Суботин / Принтскрин Јутјуб

Милијардерот Александар Суботин (43), поранешен извршен директор на енергетскиот гигант Лукоил, бил пронајден мртов во мај годинава откако посетил исцелител. Една од теориите е дека тој бил отруен со отров од жаба што му предизвикало срцев удар.

Владислав Авејев / Принтскрин Јутјуб

Во април, Владислав Аваев (51), поранешен функционер на Кремљ, кој наводно извршил самоубиство откако ги убил ќерката (13) и сопругата (47), бил пронајден мртов. Тој имал врски со водечката руска финансиска институција Газпром банка.

Пријателите ги оспорија извештаите дека тој бил љубоморен откако неговата сопруга признала дека забременила со нивниот возач. Постојат тврдења дека тој имал пристап до финансиските тајни на елитата на Кремљ.

Сергеј Протосенј / Принтскрин Јутјуб

Неколку дена подоцна, мултимилионерот Сергеј Протосенија (55) беше пронајден обесен во Шпанија, откако наводно со секира ги убил сопругата Наталија (53) и нивната ќерка тинејџерка Марија. Тој беше поранешен заменик-претседател на Новатек, компанија тесно поврзана со Кремљ.

Минатата недела уште еден мултимилионер и неговата сопруга беа пронајдени избодени до смрт. Голиот Евгениј Палент (47) и неговата сопруга Олга (50) од Украина ги пронашла нивната ќерка Полина (20). Двајцата имале повеќе убодни рани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот