Згазнавте на морски еж? Што да правите и кога да побарате лекарска помош
Невнимателните пливачи често знаат да згазат на морски ежови, при што боцките им навлегуваат длабоко во ткивото и можат да се заглават и да предизвикаат дополнителни компликации.
Препорачано
Ако случајно сте згазнале на еж, прво треба да ја дезинфицирате раната (со алкохол, антисептик) и ако сте умешни, да ги извадите боцките со стерилна игла.
Можете да користите и стерилни пинцети и да се обидете веднаш да ги отстраните боцките додека кожата е сè уште влажна и мека. Боцките кои не можат да се отстранат треба да се намачкаат со амониум сулфогиродалат или таканаречена црна маст која ќе го забрза излегувањето на боцките од кожата. Раната можете да ја натопите и во топла вода и оцет, што исто така помага да излезат боцките.
Боцките најтешко се отстрануваат од раката и прстите бидејќи кожата е тенка и има малку масно ткиво што помага да се поттикнат тие да излезат.
Може да се случи боцките да не се вадат лесно и да се поткршат кога ќе ги извлечете. Доколку забележите дека тешко се отстрануваат, одете на лекар за помош. Доколку половина од боцките останат во телото, постои ризик од инфекција, па затоа е подобро да се побара стручна помош.
Некои луѓе се алергични на убоди од еж, но на повеќето тоа не предизвикува сериозни проблеми, освен почетна болка, пишува „24 сата.хр“.


