Згаснува порталот Вајс, а со тоа и стотици работни места

Магазинот Вајс / Фото Слободен печат

Вајс Медиа планира да укине стотици работни места откако ќе престане да објавува содржини на Vice.com, објави извршниот директор Брус Диксон.

Во мај, компанијата поднесе барање за стечај во САД и беше купена од Фортрес Инвестмент Груп. Диксон вели дека Вајс планира да „соработува со етаблирани медиумски компании за да ја дистрибуира нивната дигитална содржина“.

Фортрес Инвестмент Груп ги поседува и Ченел 4, Лос Анџелес Тајмс и Бизнис Инсајдер, кои веќе укинаа неколку работни места оваа година.

Диксон тврди дека веќе не им е исплатливо да дистрибуираат дигитални содржини на начинот на кој тоа го правеа досега, пишува Би-Би-Си, повикувајќи се на неговото писмо.

„За жал, тоа значи дека ќе ја намалиме нашата работна сила, ќе укинеме неколку стотици работни места“, рече Диксон.

Компанијата продолжува да го продава бизнисот, тврди Диксон, додавајќи дека во наредните недели ќе бидат објавени нови информации.

Потеклото на компанијата датира од 1994 година, кога Шејн Смит, Гевин Мекинес и Сурош Алви основаа маргинален магазин наречен Гласот на Монтреал. Денес Вајс Медиа работи во повеќе од 30 земји.

Компанијата беше проценета на 5,7 милијарди долари во 2017 година и беше најавена како авангардна компанија која ќе го размрда традиционалниот медиумски пејзаж со напнати содржини наменети за младите луѓе. Се очекуваше Вајс да привлече милиони помлади луѓе преку платформите на социјалните медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот