Веинер цајтунг / Фото JOE KLAMAR / AFP / Profimedia

Згаснува еден од најстарите весници во светот

Австрискиот парламент одлучи засекогаш да го прекине печатењето на „Виенер цајтунг“, еден од најстарите дневни весници во светот, кој во иднина ќе се чита само во дигитална форма.

Тој 320-годишен дневен весник отсега ќе се печати само како месечник, одлучи конзервативно-зелената коалиција и покрај острите критики од уметниците и опозициските партии.

Дневникот бил основан во 1703 година, тогаш под името „Виенски дневник“ и бил официјален весник на Хабсбуршката монархија.

Во 2021 година, владејачката коалиција одлучи весникот, во сопственост на австриската влада, да престане да објавува огласи за компаниите од кои главно се финансираше.

„Весникот има повеќе читатели над 90 отколку под 30“, рече министерката за семејство и медиуми Сузане Рааб од конзервативната Австриска народна партија.

Австриската писателка и добитничка на Нобеловата награда Елфриде Јелинек и уметникот Андре Хелер се некои од истакнатите луѓе кои се обиделе да го зачуваат печатеното издание.

Опозициските претставници ја критикуваа одлуката бидејќи сметаат дека со неа се осиромашува медиумскиот простор.

„Тоа е удар врз медиумската политика и култура“, рече заменик-претседателот на Социјалдемократската партија, Јерг Лајхтфрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот