Фото: Maksim Romashkin / Pexels

Зет на Путин, тинејџерка и злогласен московски мафијаш се превртеле со чамец на замрзната река

Виктор Хмарин, зет за братучетка на рускиот претседател Владимир Путин, e тешко повреден во несреќа што се случила недалеку од Москва, додека Виктор Аверин, водачот на еден од најголемите московски криминални кланови, загинал во несреќата, јавија медиумите.

Несреќата се случила на 21 декември, кога чамецот-ховеркрафт, со кој тие се движеле по замрзнатата река, се превртел. Според непотврдени информации, уште еден патник на брзиот чамец била и 18-годишна девојка, модел од „ОнлиФенс“, која преживеала лазејќи по тенкиот мраз.

Мафијашкиот шеф Аверин, кој наводно е вмешан во организирана криминална група во Москва од крајот на 80-тите години на минатиот век, е единствената жртва во несреќата. Неговото тело од студената река го извлекле нуркачи.

ВИДЕО+ФОТО | Руски генерал е убиен во експлозија на автомобил бомба во Москва

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот