Земјоделци од светиниколските села Мустафино и Ерџелија 19 дена оставени без вода, најавуваат протест

Без вода/ Фото: Архива на „Слободен печат“

Бараат средба со раководството на Подружницата на Водостопанство во Свети Николе до вечер, во спротивно, утре ќе излезат на протест со трактори.

Земјоделци од светиниколските села Мустафино и Ерџелија за утре најавија протест зашто површините, како што велат, 19 денови им се без вода. Пченката, бостанот и селските бавчи им се исушени.

Бараат средба со раководството на Подружницата на Водостопанство во Свети Николе до вечер, во спротивно, утре ќе излезат на протест со трактори.

Земјоделците велат дека вода до нивите имале само неколку часови во понеделникот.

– Ако браната нема вода, барем да ни кажат, да си ја собереме опремата и да работиме нешто друго. Вкупно 19 дена нема вода. Кое растение ќе издржи без вода на овие температури. Ние сакаме само вода да се пушти до нивите за можеме да си ги прехраниме семејствата, вели Дејанчо Атанасов, земјоделец од Мустафино.

Според Раководството од Подружницата на Водостопанство, не е точно дека нивите се суви 20 дена, но потврдуваат дека сега има рестрикции. Исклучен е дел од каналската мрежа за да може водата да стигне и до нивите во Лозово и Дорфулија каде уште не ни почнала сезоната за наводнување.

-Има диви приклучоци и земјоделците самоволно се приклучуваат на системот. Поради сето тоа водата тешко стигнува до Лозово и затоа се одлучивме за рестрикции. На земјоделците им е кажано дека рестрикциите ќе траат по пет дена, по што пак ќе добијат вода. Не гледаме причина за протести кога имавме повеќе средби со земјоделците, велат од Подружницата Овче поле.

Проблемите со водата за наводнување и со системите се провлекуваат секоја година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот