Земјите што воведуваат санкции против Иран „ќе се соочат со проблеми“ во Ормускиот Теснец, се закани Техеран
Иранската Револуционерна гарда, исто така, се закани и со напади и врз американските центри на Блискиот Исток како одмазда за неодамнешните напади врз ирански танкери во Оманскиот Залив
Висок ирански воен функционер ги предупреди земјите што спроведуваат санкции против Иран дека „ќе се соочат со проблеми“ кога нивните бродови ќе минуваат низ Ормускиот Теснец, пренесе „Си-ен-ен“.
Препорачано
Иранската Револуционерна гарда, исто така, се закани и со напади и врз американските центри на Блискиот Исток како одмазда за неодамнешните напади врз ирански танкери во Оманскиот Залив.
Додека претседателот Доналд Трамп и државниот секретар Марко Рубио преку катарски и пакистански посредници очекуваат одговор на мировниот предлог за прекин на десетнеделниот конфликт, Техеран изразува сомнеж во американската дипломатија.
Ситуацијата дополнително се влошува по новиот инцидент со погоден брод во близина на Катар и по иранските обиди за контрола врз Ормускиот Теснец.
Иран директно ги таргетира позициите на САД, особено воздушните бази во Катар, нарекувајќи ги легитимни цели.


