Земјите од ЕУ воведоа санкции за војската на Хамас и за вооруженото крило на Исламски џихад

epa10360660 A European flag flies in front of the European Commission headquarters in Brussels, Belgium

Земјите од Европската Унија денеска воведоа санкции за војската и специјалните единици на Хамас, како и за вооруженото крило на палестинскиот Исламски џихад, поради кршење на човековите права и одговорност за сексуално и родово насилство и за нападот врз Израел на 7 октомври.

Земјите на ЕУ соопштија дека со тоа што воените крила се ставени на списокот на санкционирани поради кршење на човековите права, сега Касам и Ал Кудс бригадите и силите Нукба се предмет на замрзнување на имотот и забрана за патување во ЕУ.

Со денешната одлука се забранува и нивно финансирање, директно или индиректно.

Хамас и Исламски џихад веќе се прогласени за терористички организации во Европската Унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот