Земја без ниедна кошаркарска сала освои бронза на Афробаскетот 2025: Јужен Судан во првиот обид се искачи на подиумот
Спортска приказна каква нема ни на филм живее втората најсиромашна земја на светот чиј женски кошаркарски тим освои бронза на континенталното првенство на Африка
Вистинско спортско чудо се случи на континенталното првенство за жени на Африка 2025.
Препорачано
Репрезентацијата на Јужен Судан го освои бронзениот медал, а оваа земја нема ниедна затворена кошаркарска сала?! Првата е планирано да се отвори во јануари. Оваа земја има 12 милиони жители.
🇸🇸 First time at @afrobasketwomen ✅
Semi-finals on the first try ✅
WC Qualifiers on the first try ✅
BRONZE on the first try ✅This is only the beginning #HerStory pic.twitter.com/61BrYsXk1O
— South Sudan Basketball (@SSBFed) August 3, 2025
Јужен Судан првпат учествуваше на континенталното првенство, за што се избори со успешни квалификации, на кои учествуваше исто така првпат во својата историја!!! И дојде до бронзата. Спортска приказна каква нема ни на филм.
Ова е од огромно значење за оваа земја, која е втората најсиромашна нација во светот, единствено е пред Авганистан. Годишниот приход по глава на жител е само 448 долари.
🥳 SOUTH SUDAN OYEEEEE!!! 🇸🇸
A perfect ending for their first #AfroBasketWomen as the Bright Starlets defeat Senegal to claim the third place! 🥉
Congrats! 🎉 👏🏾 #LeadWithLegacy pic.twitter.com/PI55k1ww4i— FIBA Women's Afrobasket (@afrobasketwomen) August 3, 2025
Во мечот за третото место Јужен Судан го совлада Сенегал (11-кратен шампион) со 66-65 и ја освои бронзата. Така овој тим стана првиот дебитант на континенталните првенства на Африка што освоил медал.


