Седница на ЗЕЛС / Фото: Фејсбук

ЗЕЛС ќе формира кризен противпожарен штаб пред почетокот на летото

На последната седница на Управниот одбор на ЗЕЛС била донесена одлука за формирање на кризен противпожарен штаб за претстојната летна сезона, информираше градоначалникот на Скопје и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.

Тој соопшти дека формирањето на кризен противпожарен штаб при ЗЕЛС била една од клучните одлуки. Штабот ќе има за цел да обезбеди побрза, поефикасна и подобро координирана реакција меѓу единиците на локалната самоуправа во случај на пожари во летниот период, во соработка со централните институции.

„Една од клучните одлуки е формирањето на кризен противпожарен штаб при ЗЕЛС, со цел подобра, побрза и поефикасна координација меѓу единиците на локалната самоуправа при евентуални пожари во текот на летниот период, во соработка со централните органи. Безбедноста на граѓаните, заштитата на имотот и навремената реакција мора да бидат наш заеднички приоритет. Токму затоа, преку ЗЕЛС ја зајакнуваме меѓуопштинската соработка и градиме систем кој ќе може да одговори координирано, одговорно и ефикасно во моменти кога тоа е најпотребно, изјави Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека на седницата присуствувал и новиот претседател на Регулаторната комисија за енергетика, Ацо Ристов, со кого била отворена тема за можностите за формирање локални енергетски претпријатија.

Како што вели Ѓорѓиевски, ваквиот модел би придонел кон поголема енергетска независност на општините, преку користење на електрична енергија произведена од соларни панели и нејзино пласирање на пазарот, со што, како што вели, би се обезбедиле дополнителни приходи за локални проекти и подобрување на услугите за граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот