Трамп и Зеленски/Фото: PRESIDENT OF UKRAINE / Zuma Press / Profimedia

Зеленски соопшти кога ќе има нови мировни преговори со САД и Русија

Володимир Зеленски изјави денеска дека Украина сè уште чека дополнителни информации од Соединетите Американски Држави во врска со понатамошните мировни преговори и дека очекува нови состаноци да се одржат следната недела, пренесува Ројтерс.

Изјавата на Зеленски, дадена за време на неговото редовно вечерно обраќање, сугерира дека состанокот закажан за утре во Обединетите Арапски Емирати меѓу претставници на Украина, Русија и САД најверојатно нема да се одржи. Трите страни одржаа рунда разговори пред една недела.

„Во постојана комуникација сме со американската страна и очекуваме точни детали од нив во врска со понатамошните состаноци“, рече Зеленски.

Тој додаде дека Украина е подготвена да учествува во сите формати на разговори, нагласувајќи дека најважно е да се постигнат конкретни резултати. „Сметаме на состаноци следната недела и активно се подготвуваме за нив“, истакна украинскиот претседател.

Во меѓувреме, американскиот специјален пратеник Стив Виткоф ја предводеше американската делегација на разговорите што во саботата се одржаа во Флорида со пратеникот на Кремљ, Кирил Дмитриев, оценувајќи ги разговорите како „продуктивни и конструктивни“.

Виткоф истакна дека прашањето за територијата останува клучно за напредок во мировните преговори. Киев, пак, го отфрла барањето на Москва Украина да го предаде целиот регион Донбас, вклучително и областите што сè уште не се под руска контрола.

Советникот за надворешна политика на Кремљ, Јуриј Ушаков, изјави дека територијата не е единственото отворено прашање во разговорите, но не прецизираше кои други теми остануваат нерешени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот