Володимир Зеленски EPA-EFE/STRINGER

Зеленски: Русија е главниот извор на закани за сите земји од Југоисточна Европа

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на учесниците на самитот Украина-Југоисточна Европа денеска во Одеса им порача дека Русија е „главниот извор на закани за сите земји од Југоисточна Европа“.

„Нашиот регион е една од главните цели на Русија за создавање хаос. Тоа веќе го видовме, Русија влијаеше на јавното мислење во Романија. Три децении Руската Федерација се обидува да ја одржи Молдавија нестабилна за целосно да ја потчини. Се обидува да го стори истото во вашите земји, да одземе ресурси, суверенитет, а понекогаш дури и историја“, рече тој. Зеленски, пренесува агенцијата Укринформ.

Тој оцени дека Русија не ја доживува Украина како земја, туку само како извор на ресурси и отскочна даска за нејзините идни инвазии.

„Сите се соочуваме со ист извор на уништување во овој регион. Денеска предлагам да се фокусираме на три работи: одбрана, единство и вистински развој. Сите гледаме дека Путин не сака оваа војна да заврши. Наша задача е да ја принудиме Русија да бара мир и политички опстанок преку невоени средства, а тоа е апсолутно можно“, рече Зеленски.

Тој изрази благодарност до земјите кои учествуваа на четвртиот самит Украина-Југоисточна Европа во Одеса, нагласувајќи дека нивното присуство „испрати заеднички сигнал против обидите на Русија да го дестабилизира регионот“, пренесува Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот