Зеленски прави нови промени во тајните служби

Володимир Зеленски
Володимир Зеленски / 15 јуни 2022 / Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера со претседателски декрети го разреши заменик-шефот на Украинската служба за безбедност (СБУ), Олександр Јакушев, раководителите на две одделенија и раководителите на СБУ во два украински региони. Разрешените функционери се шефот на Одделот за економска поддршка Олександр Проворов, раководителот на Одделот за заштита на државни тајни и лиценцирање Ихор Ношко, шефот на СБУ во Запорожската област Борис Безрукји и шефот на СБУ во Сумиската област Едуард Федоров.

Зеленски веќе назначи нови луѓе на две од петте испразнети позиции, пишува „Киев Индипендент“. Ова не се први промени во украинската тајна служба од почетокот на руската инвазија, бидејќи шефот на СБУ, Иван Баканов, беше разрешен во јули минатата година. Украинскиот парламент на 7 февруари го назначи Василиј Малиук за нов шеф.

Антикорупционерите велат дека Малиук е близок со Олех Татаров, озлогласениот заменик-шеф на кабинетот на украинскиот претседател. Татаров беше обвинет за поткуп во 2020 година, но случајот на крајот беше отфрлен, при што некои шпекулираа дека случајот е прекинат бидејќи Татаров има огромно влијание во полицијата и судството.

Малиук беше назначен за нов началник само неколку дена по антикорупциската операција, во која беа претресени домовите на моќниот олигарх Ихор Коломојски и поранешниот министер за внатрешни работи Арсен Аваков. Оваа акција од големи размери беше дел од напорите на украинската влада да му докаже на Западот дека навистина се бори против корупцијата.

Украина пука од тешка артилерија и на другиот фронт – во војната со корупцијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот