Фото: Принтскрин од објава на Зеленски на Фејсбук

Зеленски по разговорот со Руте: Благодарение на НАТО ќе може да купиме ракети „патриот“ од Америка

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека за време на неговата официјална посета на Лондон, разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за зајакнување на украинската воздушна одбрана.

„Се сретнав со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Разговаравме за многу различни теми, но пред сè – зајакнување на воздушната одбрана и заштита на нашите луѓе од руски напади. Многу сме благодарни за програмата ПУРЛ (програма на НАТО – Приоритетна листа на потреби на Украина), благодарение на која можеме да купиме ракети „патриот“ од Америка. Ќе работиме на привлекување нови земји кон оваа иницијатива и зголемување на учеството“, соопшти Зеленски во објава на Фејсбук, придружена и со кратко видео.

Руте и Зеленски разговараа и за ситуацијата околу Иран и неговото влијание врз Украина и цела Европа, пренесува Укринформ.

Зеленски претходно изјави дека денес имал трилатерален состанок со британскиот премиер Кир Стармер и Руте, каде што разговарале за заедничко производство на оружје.

„На трилатералниот состанок со британскиот премиер Кир Стармер и генералниот секретар на НАТО Марк Руте, разговаравме за заедничко производство на оружје и координација во оваа област со цел зајакнување на Украина и цела Европа“, рече Зеленски во објава на Телеграм, пренесува Танјуг.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот