Зеленски најавува втор Самит за мир: Некои земји веќе изразија подготвеност да бидат домаќини
По дводневниот украински мировен самит во Швајцарија, наскоро треба да следи втор состанок, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски пред крајот на седницата.
Препорачано
Подготовките за тоа треба да траат само неколку месеци, а не години, рече Зеленски откако претставници на стотина земји и некои организации се собраа во планинското хотелско одморалиште Буергенсток во близина на Луцерн.
„Некои земји веќе изразија подготвеност да бидат домаќини на таков самит“, рече Зеленски.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека предуслов за учество на Русија на самитот ќе биде посветеноста на Москва кон Повелбата на ОН.
Во завршната декларација на самитот, потпишана од 80 земји, не се споменува следната конференција.
Швајцарската претседателка Виола Амхерд рече дека на конференцијата биле претставени различни перспективи, но нагласила дека тоа е само прва дискусија на високо ниво за мировниот процес. Таа рече и дека се создадени одредени суштински предуслови за патот кон завршување на војната во Украина.
„Фактот што огромното мнозинство од присутните држави се согласија со соопштението од Бургеншток покажува што може да се постигне со дипломатија и трпелива работа“, додаде Амхерд.
Русија не беше поканета на овој настан, но не покажа никаков интерес за учество. Во исто време, самитот беше обид на Западот да вклучи и други земји, како оние од Јужна Америка, Азија и Африка, во мировните напори засновани на меѓународното право.
Украина повика на „праведен и траен“ мир, а украинскиот претседател Зеленски рече дека Кина треба да ги пренесе своите мировни предлози за тоа како да се стави крај на војната со Русија директно до Украина, наместо тоа да го прави преку медиумите.
За мир е потребен дијалог од двете страни – пораки од Самитот за мир во Швајцарија


