Зеленски на местото на падот на украинскиот воен авион „Ан-26″

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, пристигна на местото на падот на воениот авион „Ан-26″ во Харковскиот регион, соопшти телевизијата „Украина 24″.

Претседателот нареди да бидат прекинати сите летови на авиони слични на „Ан-26″ се додека не се утврдат околностите за падот на авионот во регионот во кој пристигна.

Претходно, медиумите објавија дека на местото на авионската несреќа се пронајдени црните кутии, но дека не биле извлечени од бродоломот.

„Досега се пронајдени снимачите на летот, тие се недопрени, но се уште не се извадени од авионот”, соопшти Министерството за одбрана на Украина.

Во соопштението се забележува дека потрагата е се уште во тек и дека воените инженери работат на лице место за да ги утврдат првичните причини за катастрофата.

Прочитајте и...  Земјоделците со барање до Европарламентот: Забранете понуда од типот „веган бургер" или „веган колбас" во рестораните

Државната служба за итни ситуации соопшти дека еден од двајцата преживеани, кој бил во сериозна состојба, подоцна починал во болницата.

Воениот транспортен авион „Ан-26″ се урна синоќа во близина на градот Чугуев, во Харковскиот регион за време на тренинг лет. Во авионот имало 27 лица: седум членови на екипажот и 20 кадети, бидејќи на еден кадет не му било дозволено да полета.

Бројот на загинати во украинскиот авион се искачи на 25, двајца се борат за живот (ВИДЕО)

Поврзани вести

Хрватска: 890 новозаболени од ковид-19, починати 8 лица

Слободен печат

ВО ЖИВО: Обраќање на премиерот Заев и директорката на Институтот Јованова-Грујовска на научната конференција за македонскиот јазик

Слободен печат

Хуманитарен концерт: Интернационална екипа ќе свири за помош на колегата Игор Пармаковски

Слободен печат

Весковски: Водоснабдувањето е нормализирано, ваков дефект се појавува еднаш на 10 години

Слободен печат

Кинеските супер богаташи и во пандемија го зголемија богатството и во време на пандемија

Илинка Иљоска

Полициски час е на сила од денес во Словенија

Илинка Иљоска

Остави Коментар