Зеленски го разреши претседателот на Парламентот

Украинскиот претседател Зеленски и отповиканиот претседател на Парламентот Разумков/ Фото EPA

Слуга на народот, партијата на украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска изгласа смена на претседателот на Парламентот, Дмитри Разумков по судирот за законот за влијание на олигарсите, пренесува Киев Пост.

Во Врховната рада денеска е изгласано отповикување на Разумков, а во четврток е предвидено да се гласа за негово разрешување.

Разумков беше член на изборниот тим на Зеленски во 2019 година. Но, Разумков се спротивстави на брзото донесување на закон, со кој би се ограничило влијанието на олигарсите врз политиката и бизнисот, како и дополнително испитување на официјални лица и политичари кои соработуваат со олигарсите.

Според украинската опозиција, законот инициран од Зеленски и понатаму му дава преголеми овластувања на претседателот и создава повеќе можности за корупција.

Разумков бараше законот да се проследи до Венецијанската комисија, каде законот е усвоен минатиот месец. Лидерот на партијата Слуга на народот, Олександр Корнијенко го обвини Разумков за незаконска блокада на дневниот ред на Парламентот.

Опозицијата побара од партијата Слуга на народот да го разреши Разумков од функцијата претседател на Парламентот поради уништена демократија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот