Зејтинот во Германија на црно чини 50 евра, а се продаваат и отворени шишиња

Рафтови на маркети во Германија/ Фото: Фејсбук

Украинската криза предизвика невиден недостиг на сончогледово масло. Засега најкритично е во Германија, каде што расте и продажбата на црниот пазар, па литар чини и до 50 евра. Се нудат и отворени шишиња, односно се продаваат 300 милилитри масло за неверојатни 15 евра.

Во исто време, неколку синџири на супермаркети веќе ја ограничија продажбата на две или четири шишиња по клиент. Без разлика на ограничувањата, проблемот е што сега нема масло на полиците.

Руската агресија врз Украина предизвика сериозен дефицит на нафта на светскиот пазар, бидејќи е прекината преработката на семки од сончоглед, како и извозот, што влијае на обемот на испораките. Украина со 51 отсто и Русија со 27 отсто се најважните извозници на сончогледово масло во светот.

Во повеќе земји во ЕУ, а особено во Шпанија, полиците на супермаркетите се празни. Покрај масло, недостига и брашно. Исто така, поради прекинот на испораките на жито од Украина, се очекува во следните месеци да има недостиг и на сточна храна.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот