ВИДЕО | Здравствени проблеми ја спречија Доли Партон да присуствува на приемот во Куќата на славните
Легендата на кантри-музиката Доли Партон поради здравствени проблеми мораше да го пропушти свечениот прием на кој беше примена во Куќата на славните на Меѓународната асоцијација на забавни паркови и атракции.
Препорачано
Партон (79), која е сопственичка на тематскиот парк „Доливуд“ во Пиџон Форџ, Тенеси, објави видео на 19 ноември на инстаграм-профилот на паркот, во кое објасни дека лекарите ѝ препорачале да не патува и да не присуствува на настанот што се одржа на 17 ноември во Орландо, пренесе Ен-би-си.
„Навистина би сакала денес да бидам со вас лично, но веројатно слушнавте дека оваа есен имав неколку здравствени проблеми и лекарите ми рекоа да се одморам“, рече Партон во видеото.
Таа додаде дека искрено ѝ е жал што не можела да присуствува, но дека сакала да ја искористи приликата да се заблагодари за признанието.
Видеото беше објавено еден ден откако Партон го пропушти и 16. издание на наградите Говернорс, каде што требаше да ѝ биде врачена почесна награда Оскар.
Здравствената состојба на пејачката е под зголемено внимание уште од септември, кога ги одложи планираните настапи во Лас Вегас поради здравствени причини.
Тогаш Партон не откри детали за проблемите, но истакна дека лекарите ѝ препорачале да помине низ неколку медицински процедури.


