Здравствената состојба на Селин Дион се влошува: Нема контрола над мускулите…

Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Здравствената состојба на познатата пејачка Селин Дион (55) сè повеќе се влошува. Една година по објавувањето на дијагнозата, пејачката повеќе не може да контролира одредени движења на телото, а тоа го потврди и нејзината сестра Клодет Дион.

„Таа нема контрола над своите мускули. Она што ми го кине срцето е тоа што таа секогаш беше дисциплинирана и се грижеше за сè. Таа секогаш работеше напорно. Нашата мајка секогаш ѝ велеше: ‘Ќе го направиш тоа добро, ќе го направиш правилно’. Точно е дека и во нашите и во нејзините соништа целта е да се врати на сцената. Во каква форма? Не знам“, изјавила Клодет за „7Журс“.

Сестрата на Селин Дион претходно откри дека пејачката соработува со најистакнатите стручњаци во областа на оваа ретка болест, но дека нема напредок во состојбата.

Инаку, Селин на крајот на минатата година откри дека се бори со синдромот на вкочанета личност (СПС), неизлечива и тешка болест која предизвикува неконтролирани мускулни грчеви.

Тоа е невролошко нарушување кое предизвикува вкочанетост на мускулите. Болеста го згрчува телото во положба од која личноста не може да се движи и предизвикува грчеви кои можат да бидат толку силни што дури и ги кршат коските.

„За жал, овие грчеви влијаат на секој аспект од моето секојдневие. Понекогаш ми го отежнува одењето и не ми дозволува да ги користам гласните жици за да пеам како што сум навикната“, рече музичарката минатата година кога им откри на фановите дека ќе мора да ја одложи светската турнеја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот