Здравствената криза да не се користи за нарушување на човековите права, апелираат невладините организации

Фото: EPA-EFE/Peter Foley

Силниот дигитален надзор за контрола на пандемијата на коронавирусот мора да биде ограничен во време и обем, порачаа денеска повеќе од 100 невладини организации, предупредувајќи ги владите да не ја користат оваа криза за нарушување на слободата на човековите права.

Организациите наведуваат дека владите ширум светот, од препознавања лица до следење на телефоните, се свртуваат кон технологии за следење на заразата и контрола на населението за време на карантинот.

„Но, без контрола, овие мерки може трајно да им наштетат на човековите права”, соопштија водечките светски невладини организации, предводени од „Хјуман рајтс воч”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот