Лиза Мурковски / Фото. EPA/Ida Marie Odgaard DENMARK OUT

„Зборува за Гренланд како да е недвижен имот“: Републиканска сенаторка го критикува Трамп

Републиканската сенаторка Лиза Мурковски, јавно го критикуваше барањето на американскиот претседател, Доналд Трамп, Соединетите Американски Држави да ја преземат контролата врз Гренланд, оценувајќи дека таквиот пристап претставува навреда за народот што живее на арктичкиот остров.

Трамп ја исклучи можноста за употреба на сила за преземање на територијата за време на обраќањето на Светски економски форум во Давос, но неговите изјави предизвикаа силни реакции и во САД и меѓу европските сојузници.

Трамп се соочува со импичмент и уставна криза ако го нападне Гренланд

„Жално е што тоа воопшто мораше да се каже“, изјави Мурковски во интервју за Си-ен-ен.

„Ги познавам Гренландците и денес многу размислував за нив. Во зборовите на Трамп немаше никакво признание дека таму воопшто живеат луѓе – Гренландци“, предупреди сенаторката, додавајќи дека ваквата реторика ги игнорира реалните заедници и културниот идентитет на островот.

Мурковски, која доаѓа од Алјаска, изјави дека се согласува оти Гренланд има големо стратешко значење, но потенцираше дека неговата иднина мора да ја одлучат жителите на територијата. Таа особено го критикуваше описот на Трамп, кој Гренланд го нарече „парче мраз“.

„Тој зборува за Гренланд како за недвижен имот. А тоа е место каде што живеат домородни народи, со вистински заедници и живот“, истакна сенаторката.

ВИДЕО | Трамп започна со говор во Давос: Ја сакам Европа и сакам да оди во вистинската насока, но не оди

Мурковски додаде дека во последните денови била контактирана од загрижени европски лидери, кои ѝ поставувале прашања за вистинските намери на Трамп кон Гренланд. Овие реакции, според неа, се засилиле откако американскиот претседател се закани дека ќе воведе царини за дел од сојузниците на САД доколку не ги поддржат неговите планови поврзани со територијата под суверенитет на Данска.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот