Збирка раскази: „Не правете им сенка на гробовите“ од Дијана Петрова

Издавачката куќа „Антолог“ ја промовираше збирката раскази „Не правете им сенка на гробовите“ од младата македонска авторка Дијана Петрова (Делчево, 1992). Станува збор за нејзина втора книга, по „Бдеењето над себе“ од 2018 година.

– Новата збирка раскази на Петрова е обид да се натераат читателите да го забележат она што вообичаено им се искраднува од погледот. Преку отелотворувањето на седумте смртни гревови во тела и во дела, расказите длабоко допираат до нашите сетила и свест. Преку ликовите што се доведуваат на работ на лудилото се прикажува апсурдноста на постапките во животот и се поставува прашањето: дали тоа што смртта е неизбежна прави таа да биде нелогична? – забележуваат од „Антолог“.

– Светот во кој авторката нè води е и обичен и необичен, мистериозен и банален, близок и далечен, населен со ликови со широка палета од најразлични особености во чија бизарност, сепак, лежи човечкото. (…) Оваа книга остава жиг, не на телото, туку во душата на читателот, кој сака да тргне во една силна и возбудлива авантура, со зрелоста, умешноста и мудроста на расказите, односно на нивната авторка – напиша Фросина Пармаковска во рецензијата кон книгата.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 38, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 4-5 јули 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот