Завршуваат само курс, а заработуваат две просечни плати месечно
Маникир, педикир, масажа. Ова се три професии кои стануваат сè повеќе попопуларни професии меѓу девојките, а само еден курс е доволен за работа. Маникирките во Србија можат да заработат до 2.000 евра месечно- пишува Каматица. Нивната заработка многу варира и често зависи од тоа дали работат во салон или дома, во кој град, колку клиенти имаат, цената на услугите…
Препорачано
– Почнав да се занимавам со овој бизнис пред пет години, прво во салонот додека самата го учев занаетот, а потоа инвестирав околу 300 евра во материјалот, кој беше најевтин, и почнав да работам со неколку гел лакови. На почетокот наплаќав 800 динари, а денес истата услуга чини 2.500 динари – вели Милена П. од Белград.
Таа наведува дека не изнајмува простор, туку работи сама и дека во текот на денот има четири закажани клиенти. Според неа, таа може да заработи околу 200.000 динари месечно, а не работи за време на викендите.
Маникир без лак чини од 1.500 до 2.000 динари, маникир со обичен лак од 1.500 до 2.500, гел лак или траен лак е малку поскап и цената се движи од 1.700 до 3.500, додека за продолжување на нокти, треба да издвоите од 2.200 до 4.500 динари. Во случај да ви треба корекција или кршење на еден нокт, ќе платите од 200 до 500 динари.
Ситуацијата е малку поинаква кога просторот се изнајмува, па услугите понекогаш се поскапи, а заработката е помала. Белграѓанката Александра С., која дели салон со колешка во белградската населба Карабурма, вели:
– Кај мене, закажан термин за маникир со гел лак чини 3.000 динари. Имам пет девојки преку ден и работам шест дена во неделата. Дел од парите одат за плаќање на просториите и сметките. Понекогаш, иако би можела да прифатам повеќе клиенти, не можам бидејќи работам заедно со колешката – вели таа.
Нашите соговорници изјавија дека има и девојки кои наплаќаат помалку за оваа услуга, бидејќи немаат доволно клиенти, па се обидуваат да ги привлечат на тој начин. Цената на оваа услуга во Белград се движи од 1.500 до дури 4.500 динари, и сè зависи од тоа што сакаат девојките.
Факторите што влијаат на разликите во цените можат да бидат различни. Првото место е локацијата, па во Белград има повисоки цени и поголем број клиенти, што овозможува поголема заработка отколку во помалите градови. Работата од дома или во салон исто така може да ја зголеми или намали цената на услугата, а со тоа и конечниот износ по клиент. Секако не треба да го заборавиме искуството на оној кој го прави маникирот.


