Фото: ФК Пелистер

Завршува сагата со Мато, Вардар и Хартс се договорија

Според најновите информации што пристигнуваат од Шкотска, Вардар и Хартс се на чекор до реализација на трансферот на Роџерс Мато.

Македонскиот клуб претходно одби понуда од 350.000 евра за напаѓачот од Уганда, но шкотскиот лидер во меѓувреме постигна личен договор со фудбалерот и објави дека Мато од лето ќе се пресели во нивните редови.

Сепак, за Вардар да не остане без финансиска отштета, биле отворени нови преговори, по што е постигнат договор Мато да замине во Шкотска уште во овој преоден рок. Така, трансферот ќе се реализира порано од првично најавеното.

Во Хартс, Мато оди како замена за Лоренс Шакленд, капитенот и прв стрелец на тимот, кој се здоби со повреда и ќе отсуствува од терените меѓу шест и осум недели. Токму поради таа ситуација, шкотскиот клуб инсистирал засилувањето да пристигне веднаш.

Засега не се откриваат деталите околу финансискиот дел од зделката, па останува непознато колку Вардар ќе инкасира од трансферот на својот најдобар фудбалер.

Циркус каков што ретко се гледа: Вардар сега објави дека го продал Мато во САД

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот