Циркус каков што ретко се гледа: Вардар сега објави дека го продал Мато во САД
Вистински циркус настана околу ситуацијата на Роџерс Мато во Вардар во последните 24 часа.
Препорачано
Откако вчера шкотски Хартс објави дека постигнал договор со Мато, кој според него по истекот на договорот со Вардар налето треба да се пресели во Шкотска, денеска од „црвено-црниот“ табор пристигнаа сосема поинакви вести.
Вардар официјално соопшти дека ја прифатил понудата за Мато од американскиот тим Спортинг Канзас Сити, член на МЛС лигата.
„ФК Вардар АД реши да ја прифати милонската понуда од екипата на Спортинг Канзас Сити од Канзас САД. Клуб што се натпреварува во најсилната MLS фудбалска лига во САД. Останува сега Канзас и Мато да ги договорат условите под кои тој ќе настапува таму. За очекување е плата од околу 40.000 долари месечно, плус бонуси“, објави Вардар.
Дополнително, од клубот информираа дека 20 проценти од трансфер-сумата ќе ѝ припаднат и на Брера. Како потврда на сериозноста на преговорите, Вардар објави и фотографии од средбите со претставниците на Канзас Сити.
Вардар како доказ за понудата и разговорите со Канзас објави и фотографии.


Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2мин
-
9час
-
10час
-
10час
-
11час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


