Заврши реконстрyкцијата на локалниот пат Кичево – Осломеј

Магистрален пат Кичево-Гостивар

За да се олесни движењето на моторните возила и други превозни средства, да се зголеми безбедноста во сообраќајот, во Општина Кичево се реконструираат повеќе локални патишта.

Со средства на Јавното претпријатие за државни патишта деновиве се рекоструираше голем делот од патот од Кичево до Осломеј во должина од околу пет километри од село Црвевци па се до село Осломеј, којшто е многу фрекфентен и беше многу оштетен.

-Со средства од Јавното претпријатие за државни патишта во целост е реконструиран поголемиот дел на патот од Кичево до Осломеј односно делот од село Црвевци до село Осломеј во должина од околу пет километри и ширина од шест метри. Со овој зафат сообраќајот ќе се одвива многу побезбедно. Овој пат под забот на времето на многу места беше оштетен бидеќи патот со тешка механизација го користи и РЕК „Осломеј”, па реконструкцијата беше неопходна, истакна Бурим Кадриу, раководител на финансискиот сектор во Општина Кичево.

Покрај самиот пат ќе бидат изградени и одводи, а на дел од патот ќе биде ставено и јавно осветлување, во оние делници каде што патот поминува низ населени места, појасни Кадриу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот