Заврши обдукцијата на загинатите во трагичната несреќа, 45 лица се чека да бидат идентификувани

автобуска несреќа бугарија
Автобуска несреќа во Бугарија, загинаа 46 патници од Македонија/Фото: Nikolay DOYCHINOV / AFP / Profimedia

Обдукцијата на 45-те жртви од трагичната несреќа која пред два дена се случи на автопатот Струма во Бугарија заврши, потврдува за „Слободен печат“ директорот на Институтот за судска медицина, доктор Александар Станков. Тој заедно со двајца колеги од Скопје, им асистираа на бугарските вештаци во вршењето на обдукциите.

Станков информира дека се уште не е пристигнат ДНК материјалот од семејствата на починатите кој се зема на Институтот за судска медицина во Скопје, а кој ќе помогне да се идентификуваат лицата. Главниот обвинител на Република Бугарија, Иван Гешев заедно со колеги денеска се очекува во Скопје да пристигне и да поднесе барање за правна помош од Обвинителството во Македонија. Бугарските обвинители ќе преземат ДНК профили од роднините на загинатите, кои потоа ќе се однесат во Бугарија, за да се споредат со оние на жртвите. Поради степенот на изгорениците, ДНК анализата е единствениот начин за да се утврди идентитетот на настраданите.

– Завршија сите 45 обдукции. Не е пристигнат уште ДНК материјалот од Скопје за да се направи споредба. Идентификацијата на жртвите уште не е завршена, а откако тоа ќе се заврши, државата ќе го организира транспортот за враќање во земјата, ни рече доктор Станков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот