Заврши државниот карантин за 99 лица во хотел Молика, примени нови 94

Заврши 14 дневниот државен карантин за 99 лица кои беа сместени во хотелот Молика на Пелистер. Лицата го напуштија хотелот на 15 април годинава.

Во текот на вчерашниот ден, по извршена дезинфекција и потребни подготовки, соопштија денеска од АД Електрани на Северна Македонија, во објектот се примени нови 94 лица кои, согласно новите одредби, ќе бидат во продолжен државен карантин од три недели.

Новата група ја сочинуваат граѓани кои се вратени од Турција, Словенија, Швајцарија и Австрија.

За потребите на државните институции на располагање се ставени и хотелите на АД ЕСМ на Попова Шапка, ,,Славија” и ,,Попова Шапка”, каде во следните денови се очекува исто така да истече карантинскиот период на 154 лица кои во моментот се сместени таму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот