Заврши 11 сезона на „Еден на Еден“: Во последната емисија ќе ја видите екипата на едрење по грчките острови! (ВИДЕО)

Фото: Промо

Во недела ќе ја гледаме последната епизода од Еден на Еден од Сезона 11, на Канал 5, од 18.30.

Жаре и екипата како круна на оваа сезона ја снимија Едрење- специјал, нивната авантура низ неколку грчки острови минатата година.

Едрејќи, Жаре ќе раскаже што им зготвил на екипата на бродот, многу интересни приказни за островите Скијатос, Скопелос и Алонисос, морнарски финти кои ги начуил од капетанот Јанис и уште неколку  детали што не сме ги знаеле за Спорадите. За крајот на емисијата и на сезоната, тој ѝ се заблагодари на верната публика на Еден на Еден.

Фото: Промо

– Да сте живи и здрави сите вие, кои нè поддржувавте и не гледавте цела оваа Сезона 11 на Еден на Еден. Овој специјал го снимивме некаде во октомври, минатата година, и го планиравме како едно изненадување и круна на оваа сезона. За жал, се случи целиот хаос со пандемијата од коронавирусот, и моравме да ги затвориме границите, да престанеме да патуваме надвор и да седиме дома, како би го заштитиле нашето и здравјето на нашите најблиски. Но, ништо не е вечно. Ситуацијата кога-тогаш ќе се врати како што беше. Ќе имаме време и за шетање, патување, сончање, а богами и за едрење. Во моментов, важно е да сме доследни на пропишаните мерки. Да внимаваме, да ги почитуваме правилата и да помогнеме сите заедно што побрзо да ја добиеме битката. Еден на Еден екипата после оваа епизода оди на пауза – изјави познатиот водител.

Ќе се видиме од есен, со сосема новата 12 Сезона, од најгледаното ток шоу кај нас, успех кој ви го должиме целосно вам, нашата верна публика со години. Многу ве сакаме, и ви посакуваме сè најдобро. Имајте пријатно лето, полно љубов, радост, и најважно од сè, многу, многу здравје“, е пораката на Жаре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот