Затворската полиција најавува штрајк ако добие плата од 14.500 денари

Доколку не бидат прифатени нашите барања ние од петок се подготвени да протестираме, изјави Горан Ристески, претседател на гранковиот Синдикат на затворската полиција.

Не ја прифаќаме идејата за мерката за плата од 14.500 денари за административните работници. Во оваа бројка се голем број на вработени, тука се шумската и затворската полиција како и железничарите. Крајно сме огорчени од олигарсите. Каде се сега кога треба да се помогне, изјави денеска Марјан Ристовски од Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија.

– Што прават тие луѓе со своите милиони? Кај им е сега нивниот патриотизам – праша Ристовски.

Тој рече дека намалувањето на плататите на 14.500 денари многу ќе се одрази врз грбот на работниците и најави дека членовите на овој Синдикат се спремни да запрат со работа доколку се спроведе идејата за исплата на плата од околу 250 евра.

Горан Ристески, претседател на гранковиот Синдикат на затворската полиција рече дека тие веќе барале средбата со ресорната министерка за правда Рената Дескоска.

– Доколку не бидат прифатени нашите барања ние од петок сме подготвени да протестираме – рече Ристески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот