Застрелан полицаец во Велес, напаѓачот избегал

Aкциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Полицаецот е тешко ранет во телото и десната нога, а по настанот итно е пренесен на скопските клиники.

Четириесет и шестгодишниот Е.М., полицаец од Велес е тешко ранет во близина на црквата „Свети Спас“ во Велес. Ранетиот полицаец и негова колешка биле во контрола кај црквата по пријава дека жители од ромската населба ограбуваат верници кој доаѓале во црквата.

Во еден момент настанала мешаница меѓу полицајците и еден од сомничените за грабеж, по што насилникот успеал да го одземе пиштолот на полицаецот и со него да испука пет куршуми.

Полицаецот итно е бил пренесен во хируршката амбуланта при велешката Општа болница каде му била укажана прва помош. Тој е вон животна опасност, но поради сериозноста на повредите е препратен на Хирушките клиники во Скопје.

Од полицијата велат дека започнале голема потрага по напаѓачот кој е во бегство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот