Фото: Профимедиа

Застрашувачки птици и терминатори: Борис Џонсон го одржа најбизарниот говор досега

Британскиот премиер Борис Џонсон, само неколку часа откако ја слушна одлуката на Врховниот суд во Велика Британија според која го прекршил законот, одржа многу бизарен говор на самиотот на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) во Њујорк, објави „Блиц“.

Тој генерално избегнува да зборува за Брегзит, но ја „провлече“ и таа тема за време на неговиот говор посветен на вештачката интелигенција.

Тој својот говор го „зачини“ со шеги за футуристички „лекови за мамурлак“, заканите од „терминатори со розеви очи“, „застрашувачки птици без екстремитети“, како и на уредите кои ќе ги „надгледуваат нашите кошмари“.

Пред присутните, Џонсон зборуваше за тоа како Британија е еден од лидерите на напредните технологии, но и за нивните предизвици.

– Во иднина асистентите со гласовни наредби ќе бидат во секоја соба и во секој предмет. Вашиот душек ќе ги надгледува вашите кошмари, вашиот фрижидер ќе ѕвони ако ви недостасува сирење – рече тој.

Неговата изјава за вештачката интелигенција укажуваше на сценарија од научнофантастичните филмови.

– Вештачка интелигенција – што ќе значи тоа? Роботи кои ќе помагаат при перење и носење на алиштата на постарата популација? Или терминатори со розеви очи кои ги испраќаат од иднината да ја уништат човечката раса? – се запраша Џонсон.

Тој исто така се запраша која е поентата на синтетичката биологија.

– Што ќе подразбира синтетичката биологија – обнова на нашиот црн дроб или на очите со неверојатна регенерација на ткивата, нешто налик на фантастичниот лек за мамурлак? Или ќе ни донесат ужасни пилиња без екстремитети на нашите маси? – продолжи британскиот лидер со прашањата.

Во продолжението на неговиот бизарен говор, Џонсон го спореди Брегзит со митот за Прометеј.

– Кога Прометеј го донесе огнот на човештвото, Зевс го казни со врзување со ланци на карпата, додека орел му го клукаше црниот дроб. И секогаш кога е му заздравеше, орелот ќе се вратеше и повторно ќе го клукаше во црниот дроб. И тоа траеше засекогаш – како искуството за Брегзит во Велика Вританија, доколку некој од нашите парламентарци го добијат она што го сакаат – рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот