Засега МОН не размислува за затворање на училиштата поради ковид

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Состојбата во образованието со коронавирусот е апсолутно стабилна и одговорно стојам зад тоа, вели во интервју за РСЕ министерката за образование Мила Царовска.

Состојбата во образованието со коронавирусот е апсолутно стабилна и одговорно стојам зад тоа, вели во интервју за РСЕ министерката за образование Мила Царовска. Сега има само 62 ученика на целата територијата на државата и 98 наставници, што е многу пониско од оној пик во декември, вели Царовска.

– Состојбата во образованието со коронавирусот е апсолутно стабилна и одговорно стојам зад тоа, поради тоа што 3 декември беше најголемиот пик во првото полугодие и тогаш имавме 168 наставници и 88 ученици. Сега имаме само 62 ученика на целата територијата на државата и 98 наставници, што значи дека сè уште сме многу пониско од оној пик којшто го имавме во декември, а да не зборувам дека тоа е помалку од 1 процент од вкупниот број на наставници и 0,06 отсто од учениците -вели Царовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот